Недостатокот на квалификуван кадар е најголемиот предизвик со кој се соочуваат Македонските компании. Приближно 68% од менаџерите имаат изјавено дека вработените се клучниот проблем, за кое потребно решение во Македонската економија. Следствено, разбирање на тоа како се однесуваат вработените, колку се задоволни, што ги мотивира и демотивира, и кои се очекувањата за платата и финансиските бенефити е клуч за креирање на успешна и долгорочна стратегија за човечките ресурси.
Менаџерите за Човечки Ресурси сѐ почесто се соочуваат со прашањето колку добро ја разбираат перцепцијата, потребите и мотиваторите на своите вработени. Спроведеното истражување нуди целосен увид во професионалниот профил на индивидуите, како и во нивните актуелни работни услови. Ова вклучува податоци за индустријата, видот на позицијата и начинот на работа, со детална анализа на мотиваторите и демотиваторите, нивото на задоволство, препораката на компанијата како работодавач и можностите за професионален развој. Покрај тоа, се анализира и перцепцијата за идните потреби и разликите во размислувањето меѓу различните професионални профили.
Истражувањето дава одговор на прашањата: Каде се компаниите позиционирани во споредба со генерална состојба на пазарот? Како се споредува интерниот eNPS со генералниот на ниво на Македонија? Во кои сегменти е потребно унапредување? Колку платата влијае на мотивацијата? Која е висината на плата и зголемувањето кое е прифатливо? Како се менува мотивацијата со промена на ранговите на плата, и работните позиции?
Што се добива од истражувањето?
Резултатите од истражувањето овозможуваат длабински увид во неколку клучни области поврзани со вработените. Прво, дефинирањето на професионалниот профил на вработените обезбедува податоци за индустријата, образованието и квалификациите, големината на компанијата, видот на позицијата и начинот на работа. Дополнително се анализираат присуството на дополнителни работни ангажмани и причините за нив, времетраењето на стажот во компанијата, вкупното работно искуство и висината на финансиските примања. Ова претставува основа за подобра проценка на соодветноста на кадарот и олеснување на процесите за регрутација.
Вториот сегмент е посветен на задоволството и мотивацијата и колку изнесува глобалниот еNPS (Net-Promoter Score) за македонскиот вработен.
Истражувањето овозможува да се мери нивото на задоволство и лојалност на вработените, клучните мотиватори во секојдневното работење, најчестите причини за напуштање на работно место, како и квалитетот на комуникацијата во рамки на компанијата – меѓу колегите, со директните претпоставени и со менаџментот. Дополнително се анализира перцепцијата на продуктивноста, што обезбедува вреден индикатор за вкупната ефикасност и организациската култура.
Посебен акцент е ставен врз платата, финансиските бенефити и системот на наградување.
Истражувањето обезбедува увид во транспарентноста на системот на наградување, степенот на задоволство со моменталната плата и усогласеноста со работните обврски. Исто така, се дефинира концептот на „идеална плата“ од перспектива на вработените, како и перцепцијата за потребно зголемување или корекција на примањата. Овие сознанија им овозможуваат на компаниите да утврдат дали постои јаз меѓу очекувањата и реалноста, како и да развијат ефективни стратегии за идни политики на плати и наградување.
Истражувањето дополнително се осврнува на факторите за ангажираност и идните намери на вработените за промена на работно место.
Се мери нивото на внатрешна мотивација, значењето и корисноста на работата, степенот на слобода за примена на сопствени идеи, како и нивото на стрес кое директно влијае врз продуктивноста. Овие индикатори се клучни за предвидување на можни флуктуации на кадарот и идентификување трендови во однос на миграцијата на работна сила, што има особено значење за долгорочното планирање на човечките ресурси.
Една од значајните области опфатени со истражувањето е степенот на искористеност на знаењата и вештините и потребата од обука и развој.
Податоците овозможуваат оценка за тоа колку компаниите го користат човечкиот капитал, колку вложуваат во професионален развој и дали постои јаз меѓу потребните и понудените обуки. Дополнително, се идентификуваат типови на обуки што вработените ги сметаат за неопходни за понатамошен развој, што создава основа за креирање на ефективни програми кои ќе ја зголемат мотивацијата и ќе придонесат за привлекување нови кадри.
Во рамките на истражувањето се анализира процесот на барање работа и критериумите врз основа на кои вработените ја избираат новата работна позиција.
Извештајот открива кои се трите најважни карактеристики што се земаат предвид, како и најчесто користените канали за пронаоѓање работа, како што се социјалните медиуми, препораките или официјалните веб-страници. Дополнително, се разгледува начинот на кој индивидуите го пронашле своето тековно работно место. Овие информации им овозможуваат на компаниите да идентификуваат клучни карактеристики за истакнување во огласите, да ги оптимизираат ресурсите и да развијат поефективни стратегии за брендирање на работодавач, засновани врз реалните навики и очекувања на пазарот на трудот.
Истражувањето претставува значаен ресурс за компаниите кои сакаат да ја разберат моменталната состојба на пазарот на трудот и да ги унапредат своите стратегии за човечки ресурси.
Преку деталната анализа на задоволството, мотивацијата, платата, искористеноста на вештините и процесите на регрутација, организациите добиваат алатки за подобрување на организациската култура, намалување на ризиците од флуктуација и градење одржливи политики за задржување и развој на кадарот.
Како е спроведено истражувањето?
Истражувањето e реализирано на репрезентативен примерок од 1.200 лица во Северна Македонија, преку теренско анкетирање на прибирање податоци. Резултатите произлегуваат од теренски анкети со структуриран прашалник насочен кон добивање детален увид во ставовите и перцепциите на испитаниците. Истражувањето e спроведено во Септември 2025-та година, користејќи ја методологијата омнибус, која претставува мулти-клиентски пристап каде повеќе организации ги вклучуваат своите прашања во заедничка национална анкета. Овој пристап обезбедува брзи и доверливи информации за широк спектар теми, меѓу кои препознавање на брендови, однесување и преференции на потрошувачите, при што секој клиент добива ексклузивен пристап до сопствените резултати.
